Матија Врдољак (27), внук на Антун Врдољак, познат хрватски актер и режисер, е приведен во затворот Ремитенец бидејќи е осомничен за обид за убиство.
Вечерњи лист пренесува дека истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб му одредил мерка притвор поради ризик од влијание врз сведоци и ризик од повторување на делото.
Се наведува дека адвокатот на Врдољак Фран Олујиќ не сакал ништо да коментира.
Матија Врдољак завршил во Реметинец поради настан што се случил на 9 декември 2023 година во 4.30 часот на улица во Загреб.
Неколку лица прво вербално, а потоа и физички се пресметале. При тој конфликт постои сомнеж дека Матија Врдољак со нож му нанел убодна рана на 21-годишно момче кое завршило во болница.
Нему му е изречена мерка притвор во траење од еден месец, а неофицијално се дознава дека и претходно бил пријавуван за низа прекршоци затоа што пијан викал на пат, навредувал полицајка и неколку пати со себе имал марихуана.