Во САД има се повеќе „сајбер киднапирање“: Последната жртва е млад Кинез

Од:

Кинески студент на размена во САД е пронајден замрзнат, но жив, откако неговите родители платиле десетици илјади долари во лажна изнуда и „сајбер-киднапирање“. Каи Жуанг е пронајден во шатор во рурална област во државата Јута, соопшти полицијата.

Се верува дека 17-годишникот се изолирал откако бил изманипулиран од киднаперите. Неговите родители биле измамени да платат околу 80.000 долари, пишува Би-Би-Си.

Жуанг е само еден од странските студенти кои неодамна беа мета на таканаречените сајбер киднапери во САД. Полицијата верува дека Жуанг бил контролиран од неговите киднапери уште на 20 декември, кога полицајците во градот Прово во Јута го виделе како носи опрема за кампување.

Потоа, на 28 декември била контактирана полицијата од училиштето во кое тој учел, а тоа било предупредено од неговите родители во Кина. Родителите на Жуанг им рекле на училишните службеници дека добиле барање за откуп и фотографија од нивниот син на која се гледа дека е киднапиран.

Според полицијата, сторителите на сајбер киднапирања ги мамат своите жртви да се изолираат, па дури и да се фотографираат за да изгледаат како да се држени во заробеништво – и покрај тоа што киднаперите не биле присутни. Наместо тоа, жртвите се следат преку Facetime или Skype.

И жртвите и нивните семејства се убедени дека ќе бидат повредени доколку не ги почитуваат упатствата на киднаперот. Но, и покрај тоа што киднаперите не биле со Жуанг, полицијата во Јута сепак се плашела за неговата безбедност, објаснувајќи дека температурите во декември носат ризик од смрзнување преку ноќ.

Жуанг на крајот беше пронајден на околу 40 километри северно од Ривердејл, во шатор без извор на топлина. Тој имал ограничено количество храна и вода, топло ќебе и вреќа за спиење – како и неколку мобилни телефони за кои полицијата се сомнева дека биле користени во киднапирањето.

По спасувањето, Жуанг разговарал со своето семејство.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел