Бајден остана без поддршката од оние кои го доведоа на власт пред четири години

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден влегува во оваа изборна година со алармантно ослабена поддршка кај традиционалните гласачи на неговата Демократска партија, пишува USA Today.

Се вели дека Доналд Трамп, потенцијалниот републикански ривал на Бајден на претседателските избори во ноември, води меѓу помладите луѓе.

Дополнително, еден од пет гласачи Афроамеиканци сега велaт дека ќе поддржат претседателски кандидат од трета партија на гласачкото ливче за 11 месеци.

Се наведува дека, според последното истражување на јавното мислење спроведено од USA Today и Универзитетот Сафолк, поради неуспехот да ја консолидира поддршката во клучните делови од гласачката коалиција што го донесе на власт во 2020 година, тој дошол во ситуација да е малку зад Трамп.

Веројатниот републикански кандидат за Белата куќа има 39 отсто поддршка од анкетираните во споредба со 37 отсто од Бајден, додека неименуван кандидат од трета партија доби дури 17 отсто поддршка.

Кога седумте потенцијални кандидати се спомнуваат по име, Трамп води со 37, а Бајден има 34 отсто поддршка, додека независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор води со десет отсто поддршка меѓу оние кои ја претставуваат третата опција во споредба со републиканците и демократите.

Се наведува и дека податоците од ова истражување на јавното мислење покажуваат со каква огромна политичка задача се соочува актуелниот американски претседател оваа година на пат кон втор мандат.

Бајден сега има поддршка од само 63 отсто од гласачите Афроамериканци, што е вртоглав пад во споредба со поддршката од 87 отсто на овој дел од електоратот колку што имаше во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО