При слетување на аеродром во Јапонија се запали авион, јавуваат светските агенции. Во авионот имало околу 400 луѓе кои според информациите од светските агенции се евакуирани.
Патничкиот авион се судрил со авион на крајбрежната стража на слетување по што почнал пожарот.
Станува збор за авион на Japan Airlines, а несреќата се случила на аеродромот Ханеда во Токио. Јапонските медиуми јавуваат дека во авионот на крајбрежната стража имале шестмина, а капетнаот по сударот побегнал.