Богданци, заедно со општините Центар и Виница, е пилот општина во шестмесечниот проект „Фотографирај и реагирај“ кој со поддршка на УСАИД го имплементира Здружението за одржлив развој Милиеуконтакт Македонија.
Во предвидениот временски период граѓаните од Богданци и општината ќе имаат можност да го користат бесплатниот сервис за пријавување проблеми поврзани со животната средина. Сервисот се состои од компонентите мобилна телефонија,веб страница и бесплатна телефонска линија, а негова цел е да има што поголем број пријавени проблеми од граѓаните и што повеќе решени проблеми од надлежните за животна средина.
Со помош на мобилната апликација,корисниците ќе можат да го фотографираат и да го лоцираат проблемот што го забележале и истиот да го препратат до посебна база на податоци од каде ќе биде пренасочен до најсоодветниот орган за негово решавање.