Американската Влада се подготвува за средби со претставници на иранското раководство идната седмица во ОН и не ја исклучува можноста за директни преговори меѓу претстедателите на САД и Иран, Барак Обама и Хасан Рохани.
Следната седмица Обама и Рохани ќе бидат во Њујорк, каде во вторник ќе се обратат пред Генералното собрание на ОН.
Според претставници на Белата куќа, Обама засега не планира средба со Рохани. Но меѓу двете земји течат комуникации, кои може да претходат на евентуална прва тет-а-тет средба на претседателите.
Според цитираните претставници, и ракување би значело дека следува затоплување на односите. Ниту еден американски претседател не се сретнал со ирански лидер, откако исламистички радикали го соборија од власт проамерикански настроениот шах Мохамад Реза Пахлави во 1979 година.