Никогаш не било полошо, Ковачевски во паника масовно го полни јавниот сектор со партиски послушници обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Над 2200 вработувања во еден месец во јавниот сектор отвора власта на Ковачевски, во надеж дека така ќе го мотивираат своето членство и ќе го ублажат претстојниот пораз. Имено овој поткуп кој го прави Ковачевски граѓаните ќе го платат со милиони евра за плати на партиските послушници на ДУИ и СДС велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Половина од овие вработувања, односно 1117 лица се во министерството за здравство, каде скандалот да биде поголем не се бира според знаење, искуство или квалитет, туку клучен е етничката припадност. Етничкиот клуч ќе одлучува за здравјето и животите на граѓаните. 37 лица се вработуваат во МИОА, ЈПДП и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а огласи има и во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство. 500 нови вработувања се прават и во ЕСМ, каде што државната енергетска компанија која едвај одржува ликвидност ќе вработува партиски војници во пресрет на изборите. Масовни вработувања се прават и во ФЗОМ на 41 лице, МНР 15 лица, во транспорт и врски 9 нови луѓе. Очигледно е дека власта е во паника, бидејќи да се работело за природен одлив на вработени, огласи ќе имаше во текот на целата година, а не вака масовно да се прави на неколку месеци од изборите. СДС и ДУИ и оние кои спроведуваат вакво масовно обременување на администрацијата треба да се свесни дека сите овие огласи потребно е да бидат предмет на ревизија и секое прекршување и партиско вработување треба да биде најстрого санкционирано. Ваквите огласи се една од најглавните причини зошто јавната администрација е на критика на ЕУ и сите меѓународни извештаи. Македонија мора да заврши со лошите практики на владеење, затоа што никогаш не било полошо, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот