ВМРО-ДПМНЕ: Никогаш не било полошо во Македонија, најдобра антикризна мерка е да се порази оваа власт и таа да си замине

Од:

Власта на СДС и ДУИ очајно се обидува да го намали изборниот пораз кој им престои. За таа цел од народните пари власта им дели трошки на граѓаните во пресрет на изборите, а најголемиот дел од буџетот го троши за криминални тендери и набавки. Реалноста е дека после секој пакет мерки кој го промовира власта народот живее посиромашно, а Македонија е позадолжена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Околу 600 илјади граѓани живеат на работ на сиромаштија, а над 80 илјади граѓани живеат во екстремна сиромаштија. Долгот надминува 8 милијарди евра, а само оваа власт во овие 7 години се има задолжено колку сите претходни влади заедно. Сега со евтин популизам и по илјада денари сакаат да извршат брутален поткуп, но тоа нема да го промени фактот дека ќе бидат победени од народот кој веќе не им верува. Токму поради овие евтини политики со кои прават купи ден помини и немањето економски план, државата тоне во сиромаштија, а стопанството се уништува. Македонија 2023 година ќе ја заврши со најмал економски раст во целиот регион, најмалку привлечени странски инвестиции и најголема стапка на иселување во историјата. Најдобра антикризна мерка која може да се случи е оваа неспособна, неодговорна и ненародна власт да си замине. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме – се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски