Речиси 70 луѓе се спасени во планините во Романија во последните 24 часа, од кои 26 се пренесени во болница, а едно лице почина, соопшти денеска Националното здружение за спасување на планина Салвамонт Романија.
Во објава на својата Фејсбук страница, Националното здружение за спасување на планина наведува дека бројот на планински несреќи алармантно се зголемува од ден на ден.
Се повикуваат граѓаните да бидат внимателни и одговорни при активностите на планините, јавува Аѓерпрес.