ВМРО-ДПМНЕ: По седум години уште една манипулација на СДС и ДУИ, здравствените работници не се информирани за постапките и критериумите за вработување

Од:

Доктори од Итна помош заради нерешен статус го напуштаат јавното здравство, нема основни средства за работа, поликлиниките со укинати дејности се на апарати, ова се ефектите од „епохалните проекти” со кои министерот за здравство Фатмир Меџити се слика. Дел од поликлиниките, како оние во Драчево и Шуто Оризари се на апарати или специјалистичките служби скоро и да ги нема. Овие две поликлиники се со супстандардни услови, а кој министер и да дојде тука ги пушта во употреба рентген апаратите. За илустрација, рендген кабинетот е во подрум со влага и вода и без стандардна изолација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Во поликлиниката Чаир прозорите во чекалната на одделението за рендген не се во функција, а исто така влезната врата на рендген во Букурешт е падната веќе неколку години. Требовањата се кратат, нема средства за заштита на здравствени работници како маски, ракавици, дезинфекциони средства и сл. За целосното кадровско деградирање и непреземањето мерки говори фактот дека во попладневните часови нема неколку специјалности во неколку поликлиники. Ама затоа, управничката на поликлиниката „Јане Сандански” не само што не води грижа за кадарот, туку брка вработени кога ќе им истече договорот, се заканува и дополнително го демотивира медицинскиот персонал.

Ниту најновите најави за предизборен поткуп не ги колебаат медицинските работници со нерешен статус и продолжува праксата искусни професионални доктори да ја напуштаат Итната медицинска помош. По 7 години негрижа за кадарот со договор на дело, власта во заминување повторно со нејасни најави тера манипулации за ситни политички поени. Здравствените работници воопшто не се информирани за постапките и критериумите за вработување, ниту за тоа на кој начин е дојдено до бројката од 1117 вработувања предизборно и манипулативно најавени – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници работеа со визија, во многу општини го надминаа ветеното

Горан Наумовски