ВМРО-ДПМНЕ: Новогодишна честитка за граѓаните од власта-поголеми сметки за струја за скоро 400 денари месечно

Од:

400 денари повеќе на сметката за струја за граѓаните е новогодишната честитка од оваа неспособна власт. Иако со денови и месеци се обидоа да го сокријат покачувањето, сепак власта на СДС и ДУИ удрија по џебот на граѓаните со повисоките сметки за струја од јануари 2024 година. Покачувањето ќе го плаќаат сите граѓани кои своите домови ги затоплуваат со електрична енергија. Толку од грижата на власта за животната средина и намалувањето на загадувањето, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– За над 120 денари ќе биде зголемувањето само во 3тиот блок и на истото ако се додаде и новата давачка т.н мрежарината на Бислимовски која ќе изнесува 250 денари, доаѓаме до покачување од 400 денари. Не поминуваа фалбите на ДУИ и СДС за субвенционирање на сметките за струја, кога тоа субвенционирање го плаќаат граѓаните самите. Наместо изминатите 7 години да се изградеше некој енергетски капацитет, власта парите ги трошеше за полнење на своите џебови преку тендерите во РЕК и партиските вработување во енергетските компании. Сметките за електрична енергија овие 7 години се зголемена за над 50%, а инвестиции во енергетиката нема. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме – се наглсува во партиското сооштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми