Овие денови бреговите на реката Сена во Париз се место за капење и сончање на илјадници граѓани на Француската престолнина.
Во состав на 11-та манифестација „Париз-Плажа“ бреговите на Сена се претворени во песочни плажи.
И покрај многубројните критики за милионите потрошени евра, сепак одлучено е оваа манифестација да продолжи и годинава, создавајќи вештачки песочни плажи, на кои уживаат децата но и многубројни туристи.
За да биде потполн впечатокот, покрај песокот посадени се и палми, така да капачите и оние што се дојдени да се сончаат, имаат чувство дека се наоѓаат на некоја морска плажа.
Во состав на манифестација ќе бидат одржани бројни културни настани, натпревари во водени спортови и друго.
Песочните плажи на Сена во наредниот месец ќе бидат отворени за посетителите од раните утрински часови па до полноќ.