(ВИДЕО) Невреме беснее во Британија: Торнадо го погоди Манчестер

Од:

Стотици домови се оштетени откако, како што пишува Би-би-си, локализирано торнадо зафати дел од Манчестер. Полицијата прогласи голем инцидент по торнадото поради сериозноста на штетата и потенцијалниот ризик за јавната безбедност.

Торнадото ги откорна покривите од куќите, уривајќи дрвја и ѕидови.

Полицијата соопшти дека нема извештаи за повредени.

„Овој инцидент несомнено погоди многу луѓе, при што многу жители беа раселени од нивните имоти преку ноќ. Наш најголем приоритет е да ги заштитиме луѓето, поради што ги советуваме раселените да не се враќаат или да не влегуваат во нивните домови кои се значително оштетени“, рече началникот на противпожарната служба.

Бурата Герит што ја погоди Велика Британија вчера остави илјадници луѓе без струја. Како што пишува Sky News, околу 14.000 домаќинства утринава се уште се без струја. „Условите на терен се лоши, силниот ветер ни ја отежнува работата, некои би можеле да останат без струја 48 часа“, велат од локалното електростопанство.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија