Ајфеловата кула денеска е затворена поради штрајк на голем број вработени, објавено е на веб-страницата на познатата париска зграда, чиј творец Густав Ајфел почина на денешен ден пред 100 години.
„Поради штрајкот на дел од вработените, Ајфеловата кула во моментов е затворена. Се извинуваме за предизвиканите непријатности. Влезот на плоштадот е отворен и слободен за посета“, се вели во соопштението на веб-страницата на Ајфеловата кула.