Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

Од:

Новиот аргентински претседател Хавиер Милеи ќе отпушта над пет илјади владини службеници кои биле вработени на почетокот на годинава, соопшти неговата администрација. Отпуштањата, според него, се дел од сеопфатен план кој треба да ја трансформира економијата на Аргентина.

Договорите со другите државни службеници примени пред 2023 година ќе бидат продолжени, но отпуштањата веќе предизвикаа протести. Сепак, Милеи најави дека ќе продолжи со планот, сите кои се вработени годинава, а пред тој да дојде на власт, да бидат отпуштени.

Според него, намалувањето на бројот на вработени во јавниот сектор и приватизацијата на државни компании за да се зголеми извозот и бројот на инвестиции треба да ја намали инфлацијата, која се очекува да достигне до околу 200 отсто до крајот на годинава.

Другите чекори пак, вклучуваат девалвација на аргентинската валута за 50 отсто, намалување на субвенциите за енергија и транспорт, но и затворање на некои министерства.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад

Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад

Горан Наумовски