Опасностите на белиот шеќер

Од:

Иако употребата на мала количина шеќер не е проблем, секојдневните, поголеми количини на тој сладок „отров“ убиваат, а поради него годишно умираат 35 милиони луѓе ширум светот, наведуваат научниците.

Белиот шеќер е извор на празни калории (не содржи минерали и витамини, но е богат со калории), го поттикнува дебелеењето, предизвикува кариес и има висок гликемичен индекс (драстично го зголемува нивото на шеќер во крвта).

Пол ван дер Велпен, шеф на здравствената служба на Амстердам, каде е легална продажбата на канабис, бара употребата на индустрискиот шеќер да биде цврсто регулирана.

– Токму како алкохолот и тутунот, шеќерот предизвикува зависност. Многу е важно Владата тоа да го регулира. Луѓето можат да се одвикнат од употребата на шеќерот, а корисниците мора да бидат свесни за неговата штетност, напиша Пол на официјалниот сајт на здравствената служба.

Дер Велпен ги наведе резултатите од едно истражување кое тврди дека шеќерот влијае на апетитот создавајќи ненаситна желба да продолжиме со јадењето, за што тој ја обвинува индустриската храна, бидејќи го користи шеќерот за да ја зголеми продажбата на производите.

Тие што јадат производи со многу шеќер секогаш се чувствуваат гладно, дури и кога не се гладни. Речиси е подеднакво тешко да се ослободите од потребата за слатки како и од потребата за цигари.

Пол бара да се ограничи количината шеќер во преработките на храна, како и на слатките и на безалкохолните пијалаци да постојат предупредувања дека шеќерот предизвикува зависност и оти е лош по здавјето. Училиштата повеќе да не смеат да продаваат слатки и негазирани пијалаци.

Бројот на дебели луѓе во Холандија се удвои во последните две децении, што значи дека половината од возрасните Холанѓани и секое седмо дете се дебели.

Данска и Германија воведоа т.н. „сладок данок“, односно данок на храната со заситени масти, а Франција воведе нов данок на безалкохолните пијалаци.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска