(ВИДЕО) Драматично видео снимено кога сплавот „Картел“ почна да тоне: Гостите во вода, голема паника меѓу присутните

Од:

Белградскиот сплав „Картел“ потона синоќа нешто по полноќ, а првите информации говорат дека сплавот почнал да тоне откако настанала тепачка меѓу гостите и обезбедувањето на мостот што ги поврзувал брегот и сплавот, кој во еден момент пукнал.

На страницата на Инстаграм „serbialive_beograd“ објавено е видео во моментот кога сплавот „Картел“ почнал да тоне. На видеото се гледа како луѓето набрзина го напуштаат сплавот, како и голема паника меѓу присутните.

Од сплавот се евакуирани 145 луѓе, а се проценува дека ги има околу 400. Нема сериозно повредени. Полицијата за само седум минути пристигнала на местото на настанот, како и другите итни служби и веднаш започнаа со спасување.

Би можело да ве интересира

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

Борел: Темпото на проширување и напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да оди рака под рака

Властите во Белград планираат да ги отстапат автобусите Соларис на Скопје

А1он