ВМРО-ДПМНЕ: Додека државите од регионот ја поминаа Македонија, кај нас секој трет граѓанин едвај преживува

Од:

Каевски исто како неговиот шеф Ковачевски е одлепен од реалноста. А дека се одлепени од реалноста говори фактот што според економските показатели сме на дното во Европа и регионот, додека граѓаните се се посиромашни. Бројките кажуваат дека откако се СДС и ДУИ на власт земјите од регионот ја поминаа двојно Македонија, односно земјава со нив тоне, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Од 2017 до 2023 година, Босна и Херцеговина има 42% раст на БДП по глава на жител, Србија 50%, Бугарија 64%, Албанија 52%, а Македонија само 20%. Исто така со СДС и ДУИ Македонија доби скоро 50% поголема инфлација од земјите во ЕУ. Во ЕУ инфлацијата е 4.3%, во Македонија 6.6%. Воедно дури и последната анкета кажува дека над 80% од граѓаните сметаат дека цените се уште растат. Колку донесле подобар живот покажува фактот не само што расте сиромаштијата, туку екстремната сиромаштија.

Од 56.000 во 2019, годинава ќе ја завршиме со 86.400 екстремно сиромашни, додека од 360.000 умерено сиромашни сега ќе имаме скоро 600.000 граѓани. Толку од фалбите за подобар живот со СДС и ДУИ. Ова значи дека над 80.000 луѓе едвај преживуваат со помалку од 80 денари, а помалку од 150 денари има секој трет човек во државава. А колку е добар стандардот говори и тоа што држави од соседството како Хрватска и Словенија за Македонија станаа како Германија, па граѓаните масовно таму си ја бараат иднината. Со оваа власт единствено што растат се сиромаштијата, инфлацијата, криминалот и корупцијата. Никогаш не било полошо, затоа е важно да ги поразиме – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ