Полицијата привела маж (48) од околината на Зрењанин, поради сомнение дека сторил кривично дело тешка телесна повреда со смртен исход.
Тој е осомничен дека во дворот од куќа во околината на Зрењанин со нож повредил маж (54), а потоа со автомобил го однел и го оставил пред Здравствениот дом во Тител.
Повредениот бил пренесен во клиничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад, каде починал.
„По наредба на Вишото јавно обвинителство телото е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад“, се вели во соопштението на полицијата.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство Зрењанин.