Европските парламентарни избори во јуни 2024 година би можеле да бидат судбоносни како и претседателската трка во САД, предупреди шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жосеп Борел, велејќи дека верува оти стравот на гласачите од непознатото може да ги наведе да ги поддржат десничарските популистички партии.
„Се плашам дека Европејците ќе гласаат водени од страв. Научно е докажано дека стравот од непознатото и неизвесноста создава хормон кој бара сигурен одговор. Тоа е факт“, изјави Борел за „Гардијан“.