ВМРО-ДПМНЕ: Ќерката на Мира Дизел доби решение за неопределено, од први јануари почнува со дежурства без диплома за трансфузиолог

Од:

Тешки и исцрпни се процедурите за вработување на здравствени работници, со обезбедување согласности од повеќе институции како Министерството за здравство, Министерство за финансии, Фонд за здравствено осигурување. Поради системска негрижа се затвораат цели оддели по болници, сепак за децата на актуелни и претходни директори, функционери на СДС и ДУИ веднаш се наоѓа начин да се вработат. Ова СДС и ДУИ го прават во период на драстично намален рејтинг и се појасниот пад од власт на парламентарни избори кои претстојат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Еден од последните вакви случаи на обезбедување на вработување по партиска линија е вработувањето на Александра Стојчевска, ќерка на поранешната пратеничка Мира Стојчевска од Делчево, позната како Мира Дизел, која што гласаше за промена на уставното име на државава. Ќерката на пратеничката добива решение за неопределено и почнува во дежурства од први јануари иако нема диплома за трансфузиолог.

Директорот на Клиниката за урологија, пак, синот доктор со преземање го префрлува да работи на Клиниката со која тој раководи. Вработување има и за ќерката на директорот на Клиниката за офталмологија која е вработена во ГОБ „8 Септември”. Според информациите меѓу здравствените работници, крајната цел е со преземање да се вработи на Клиниката за офталмологија. Истите што наводно „се бореа“ против партизација, сега на големи врати ја спроведуваат оваа груба партизација на институциите и нивното руинирање во поглед на стандардите за работа и резултати што очигледно се гледа со деградацијата на здравствениот систем во државата.
Владата на СДС и ДУИ го урна здравствениот систем, а со овие постапки директно ги демотивира младите кадри. Владата на СДС и ДУИ е учесник во егзодусот на медицински кадар кој продолжува да си заминува од јавното здравство токму поради ваквите случаи на вработување самo на партиски кадри – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални