Сплавот „Картел“ на кејот на Сава во Белград нешто по полноќ почна да тоне. Полицијата брзо пристигнала на местото на инцидентот и евакуирала околу 30 гости.
Евакуирани се повеќе од 30 млади луѓе, а нема сериозни повреди. Десет малолетници биле згрижени на лице место и нивните родители дошле да ги земат.
Се започна со дојава за тепачка на сплавот, а таму за брзо време пристигнале припадници на жандармеријата, речната полиција и 25 припадници на противпожарната единица, кои интервенирале и ги извлекле од Сава оние кои скокнале во реката и се обидуваа да допливаат до брегот.