Започнуваме со авансна исплата на субвенциите од 30%, обезбедивме и нови 20 милиони евра поддршка, вели Ковачевски

Од:

Силно ги поддржуваме земјоделците, а со сите мерки и политики, СДСМ стана висински партнер на земјоделците и обезбедува повеќе за сите земјоделци, порача претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, на денешната трибина „Повеќе за сите“ во Кочани.

Во обраќањето пред присутните граѓани во Кочани, Ковачевски посочи дека за прв пат земјоделците добиваат авансна исплата на субвенциите, тогаш кога им се најпотребни, за да можат на време да ја започнат новата реколта, за да инвестираат во производството и да го модернизираат.

„Владата предводена од СДСМ обезбеди нови 20 милиони евра дополнителна поддршка за македонските земјоделци до крајот на оваа година. За прв пат досега, до крајот на годината започнуваме со авансна исплата на субвенциите во висина од 30%.Ова е примена на новиот модел на субвенционирање. За 40.000 земјоделци ќе бидат исплатени 750 милиони денари! Земјоделците може да очекуваат повеќе само со СДСМ“, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

При тоа, Ковачевски посочи дека авансната исплата на субвенциите за земјоделците е дел од новиот деветти пакет антикризни мерки кој е во вредност од 662 милиони евра, пари кои се насочуваат кон 40.000 земјоделци, 120.000 млади лица, 187.000 пензионери, над 74.000 социјално ранливи граѓани, 600.000 домаќинства и над 70.000 компании.

„Граѓаните знаат дека со СДСМ има – Повеќе за сите, a победничката програма којашто ја подготвуваме ќе значи уште повеќе и за граѓаните и за државата“, порача претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, на денешната трибина „Повеќе за сите“ во Кочани.

Би можело да ве интересира

Шпиц во наводнувачката сезона, земјоделците бараат повеќе вода и ред при наводнувањето

Надминат проблемот со наводнување на земјоделските површини во Овче Поле

Оризовите ниви во Кочанско половина месец оставени без вода, земјоделците протестираат

Земјоделците од Светиниколско го блокираа експресниот пат Штип – Велес

Горан Наумовски

Земјоделците од Овче Поле утре излегуваат на протест

Националната мрежа на земјоделци бара итна средба со Владата за цената на житните култури