Кандидатот за пратеник на „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ Угљеша Гргур на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави дека денеска штрајкува со глад и жед со цел, како што наведе, да ја одбрани изборната волја на граѓани.
– Денеска, на мојот роденден и на денот кога по стариот календар се роди великиот владика Николај Велимировиќ, со штрајк со глад и жед ја започнувам одбраната на изборната волја на мојот народ и одбраната на мојот претседател од српски непријатели кои би ни забраниле да бидеме тоа што сме – Срби. Ова го правам за десетици и десетици илјади оние кои ме поддржаа на овие избори и милиони оние кои го поддржаа претседателот. Србија не смее да застане, животот е даден за Србија и Србија нема цена – вели Гргур во објавата.