Експлозија во двор на гостиварец, повредени нема

Од:

Силна детонација ги вознемири жителите на улицата „18 Ноември“ во Гостивар, откако непознато лице, утрово, најверојатно фрлило експлозивна направа во дворот на куќата со број 43, сопственост на гостиварецот Ф.З. (64). Од експлозијата нема повредени, но е причинета материјална штета.

Според СВР Тетово, експлозивната направата, односно рачната граната кашикара била активирана десетина минути пред 3 часот. По извршениот увид од страна на екипа на крим техника, биле утврдени оштетување на возило марка „тофаш“, помошниот објект кој бил користен како гаража, фасадата на куќата и влезната врата.

Сопственикот и синот по пријавувањето на настанот изјавиле дека се изненадени, бидејќи немале проблеми или закани. Предизвиканата штета се проценува на околу 200 илајди денари.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

Би можело да ве интересира

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар

Тригодишно дете ќе се загушело од гумена бонбона, без свест донесено во болница во Гостивар

Катерина Ѓуровски

Маж од Гостивар со измама од познаник зел 5.000 евра

Уапсен e насилник кој ја истепа својата 28-годишна сопруга

Горан Наумовски

Кривична за маж од Гостивар кој и се заканувал на сопругата