МВР: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги со цел да ја дискредитира полицијата

Од:

Министерството за внатрешни работи апелира до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престане да пласира лаги, чија цел е дискредитирање на полицијата. На денешната прес конференција преку лицето Наум Стоилковски беа пласирани лаги за наводна поврзаност на МВР со бегство на лицето Наим Самиу, иако и Стоилковски би требало да знае дека надлежен за определување мерка притвор е единствено – судот.

Значи, наместо да шири лаги за МВР, упатувајќи небулозни прашања на погрешна адреса, Стоилковски прашањата треба да ги упати до надлежниот суд. А фактите говорат дека полицијата постапи по сѐ што е донесено како одлука од судот.

Токму по поднесена кривична пријава од страна на СВР Тетово на 16 август 2023 година, на Самиу му бил определен активен притвор, а на 29 септември 2023 година од страна на Основниот суд Тетово мерката активен му е заменета со мерка куќен притвор. Покрај ова, ја известуваме јавноста дека против Самиу досега се поднесени 15 кривични пријави за вкупно 30 кривични дела, потоа 4 прекршочни пријави, како и едно писмено известување до ОЈО Тетово. Уште еден доказ кој ги демантира лагите на Стоилковски.

Апелираме до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престанат да шират лаги. За работењето на МВР сведочат резултатите, намалениот криминалитет и големата доверба која полицијата ја има кај граѓаните, пишува во реакцијата од МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски