Полицајци пуштиле осуденик да избега од затворот во Струмица

Од:

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.Т.(41) и М.С.(49), двајцата од Струмица, вработени во Казнено – поправната установа Затвор Струмица. Тие се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од Кривичниот закон.

– На 04.12.2023, В.Т., заповедник во затворската полиција, му издал наредба на затворскиот полицаец М.С. со службено возило да однесе лице кое издржувало затворска казна да заврши приватни обврски во деловен објект во Струмица.
М.С., иако знаел дека ваквата наредба е противзаконска, постапил по неа и на тој начин В.Т. и М.С. му овозможиле на осуденото лице да излезе од затворот, иако тој ден немал право да користи таква погодност. Откако осуденото лице било однесено до деловниот објект, влегло само, а по излегување од објектот се дало во бегство, информираше МВР.

Би можело да ве интересира

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“