Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Од:

Повеќе од 17 лица загинаа во пукање на универзитет во Прага, а телото на напаѓачот е пронајдено во близина на областа на нападот, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е студент на уметничката академија на Карловиот универзитет во Прага. Шефот на полицијата изјави дека телото на таткото на напаѓачот било пронајдено претходно во четвртокот.

Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан изјави дека немало други напаѓачи и дека опасноста поминала. На вработените и студентите на факултетот им беше кажано да останат во канцелариите за време на полициската интервенција. Плоштадот и неговата околина се затворени. Карловиот универзитет се наоѓа во стариот дел на градот, на околу 500 метри од историскиот Карлов мост.

Убиецот, чие име, според чешките медиуми, е Давид Козак, наводно на почетокот на неделава на социјалната мрежа Телеграм објавил дека го мрази светот и сака зад себе да остави што повеќе болка.

За ова е запознаена и полицијата и е предмет на истрага, пишува порталот Актаулне.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

Горан Наумовски

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер