СДСМ: „Алумина“ е вмровски проект, министрите на ДПМНЕ одобруваа згради високи 105 метри

Од:

ДПМНЕ ја продаде поранешната фабрика „Алумина“, тогашни министри на ДПМНЕ нарачуваа, цртаа и одобруваа згради по 105 метри високи. Алумина беше и остана вмровски „проект” и тоа 100% велат од СДСМ во реакцијата на прес конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

– Алумина не може да биде проект на СДСМ, тоа не само што звучи смешно, туку е лага, затоа што се знае дека „Алумина“ беше исклучиво вмровски проект. ДПМНЕ од една страна го унакази цело Скопје а од друга страна ја позлати компанијата за која зборува преку тендери во 16 општини управувани од нивни градоначалници. Бизнис релациите на градоначалниците на ДПМНЕ со Пуцко Петрол се исто така факт, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага