Ненад Георгиевски и Мијалче Иванов добитници на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Од:

Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварувања во областа на публицистиката денеска во Собранието му беше доделена на Ненад Георгиевски, а за остварување во областа на новинарството на Мијалче-Мишко Иванов.

Претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ е Зоран Бојаровски.

Ненад Георгиевски посочи оти му е чест и задоволство да ја добие оваа награда. Тој по добивањето на наградата во своето обраќање потенцираше дека и во иднина ќе продолжи со заложбите да даде свој придонес кон културата и општеството и се она што го гледа надвор од државата, ќе биде убаво презентирано тука.

-Се надевам дека ова награда ќе биде потврдена со нови изданија, нови книги и нови достигнувања, рече Георгиевски.

Мишко Иванов по добивањето на наградата потсети дека оваа година одбележува 10 години од неговата емисија „Патот до успехот“ но и 25 години како чекори по патот на новинарството.

Тој додаде дека посакува нашата држава да ја види на патот до успехот, да направи емисија во која напата држава ќе е успешна земја.

-Живеам за денот, го чекам денот кога ќе направам „Патот до успехот“, во која Македонија ќе биде слободна и без притисоци, во која нема да биде забранета слободата на изразувањето и известувањето. Да ја направиме Македонија држава во која нема да има завидливи луѓе, туку луѓе кои ќе гледаат напред и ќе се врати вистинскиот систем на вредности, рече Иванов.

Хаџи Василев-Јасмин е наречен „првото перо“ на македонското новинарство и публицистика, а бил и прв претседател на Здружението на новинарите на Македонија.

Наградата за првпат е доделена во 1969 година.

Би можело да ве интересира

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Вангелов, Кузмановски, Беговска и Несими добитици на државната награда „11 Октомври“

Врачени државните награди „8 Септември“ на петтмина спортски работници

А1он