Вангелов, Кузмановски, Беговска и Несими добитици на државната награда „11 Октомври“

Од:

Добитници на државната награда „11 Октомври“ во 2021 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија се професор д-р Атанас Вангелов, академскиот сликар Павле Кузманоски, актерката Бедиа Беговска и политикологот Махи Несими, соопшти Министерството за култура.

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ донесе одлука државна награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието да му се додели на филологот професор д-р Атанас Вангелов. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на акадесмкиот сликар Павле Кузманоски, актерката Бедиа Бегова и политикологот Махи Несими.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври 2021 година во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Проф. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни ја добија државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката

А1он

Добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ се Витомир Митевски, Живоин Глишиќ и Беди Ибрахим

А1он

Свечено врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025

Објавени се добитниците на државната награда „23 Октомври“ за 2025 година

Доделена државната награда „11 Октомври“ – признание за животно дело во дејности од јавен интерес

А1он

Димитриевски: 11 Октомври – Денот кога избравме храброст, а не страв

А1он