Во Градскиот трговски центар ќе се одржи традиционален настан на кој ќе може да се запознаете со нашите вредни ракотворци и артизани и со нивните изработки! Овој новогодишен базар ќе се одржува на приземјето во ГТЦ од 22 до 29 декември. Ќе може да се израдувате себеси и најблиските со уникатни подароци, изработени со многу љубов и внимание. Настанот е во организација на Занаетчиската комора од Скопје.
На базарот ќе бидат изложени креативни производи со уметнички дизајн, меѓу кои плетени играчки, уметнички слики, уникатен накит од сребро, епоксидна смола, кристали, филигран, полудраги камења, персонализирани подароци, шољи и планери со интересни пораки, рачно насликани стаклени поризводи.