ВМРО-ДПМНЕ: 500-те нови партиски вработувања во ЕСМ, нема да ја спасат власта од катаклизмата што ги очекува на изборите

Од:

Огласот на ЕСМ, за над нови 500 партиски вработувања, во оваа институција, е само очајнички обид на Ковачевски, Ахмети, Груби и Спасовски, колку толку, макар и за еден промил, да го ублажат поразот, на изборите во мај, кој ги чека. Оглас за вработување, на над 500 луѓе, во само една институција и тоа на само еден месец од формирањето техничката влада, е ништо друго, него класичен обид за вработување на партиски војници, каде платите за овие објавени позиции се движат од 30 до 60 илјади денари, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако на народот веќе не му е јасно, зошто ги немаме почнато преговорите за влез во ЕУ, еве ова е еден класичен пример, како настрана, корупцијата и криминалот и со вакви потези, се руши кредибилитетот на државата. Оваа власт, на чело со ДУИ и СДС, по катастрофалниот пораз на изборите, ќе бидат запаметени, како најголем кочничар на Македонија, на патот кон ЕУ – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски