Најмалку четири лица загинаа како силна бура што го зафати источниот брег на САД, предизвикувајќи поплави, огромни прекини на струја и откажување на летови.
Една жена загина во поплавите во близина на Чарлстон, Јужна Каролина, а тројца мажи ги загубија животите во Масачусетс, Мејн и Пенсилванија, на североистокот на Соединетите Американски Држави, додека бурата се движи кон Канада, јавува Би-Би-Си.
Повеќе од милион жители на источниот брег се во состојба на тревога од поплави, а повеќе од 600.000 домаќинства се без струја.