Мнозинството Американци живеат „од плата до плата“

Од:

Мнозинството Американци, 62 отсто, живеат „од плата до плата“, покажува ноемвриското истражување на агенцијата Лендинг Клуб, што е ист процент како и пред една година и покрај падот на инфлацијата во споменатиот период.

Националната федерација за малопродажба на САД, и покрај ова, очекува расходите за празници од 1 ноември до 31 декември да пораснат меѓу три и четири проценти на годишно ниво, на речиси 966,6 милијарди долари, пренесува CNN.

Половина од американските потрошувачи планираат да преземат дополнителни долгови за да ги покријат трошоците за време на празничната сезона, покажува истражувањето.

Експертите предупредуваат дека кредитните картички го зголемуваат ризикот од задолжување.

Истражувањето на CNBC за август покажа дека 74 отсто од Американците се под стрес за нивните финансии.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас