(ВИДЕО) Бурна ноќ во Белград: Лидерите на опозицијата почнаа штрајк со глад

Од:

Во Белград синоќа се одржа протест на проевропската опозициска коалиција „Србија против насилство“, која бара поништување на белградските и парламентарните избори поради изборна кражба. Носителите на оваа листа на републичките избори Мариника Тепиќ и Мирослав Алексиќ влегоа во седиштето на РИК каде започнаа штрајк со глад до исполнување на нивните барања. Илјадници луѓе цела ноќ беа пред Рупубличката изборна комисија.

Мариника Тепиќ од коалицијата „Србија против насилството“, која заедно со Мирослав Алексиќ започна штрајк со глад во зградата на РИК, во интервју за ТВ Н1 вели дека се одлучила на оваа најрадикална мерка затоа што „тоа е последен момент да се бори за изборната волја на граѓаните на Белград“.

„Тоа е наједноставното нешто што можам да го кажам. Затоа што кражбата беше ненормална. Нема населба каде граѓаните не биле сведоци на брутални кражби“, рече Тепиќ и даде пример од Арената „Каде што се носеа луѓе од други земји да одлучуваат за локалните избори во Белград“.

Би можело да ве интересира

Александар Шапиќ повторно избран за градоначалник на Белград

ВИДЕО: Вучиќ објави снимка од победничката прослава

Катерина Ѓуровски

СНС прогласи победа на локалните избори во Србија, опозицијата тврди дека Ниш и Чачак се „слободни градови“

Катерина Ѓуровски

Белградските и локалните избори во Србија ќе се одржат на 2 јуни

ВИДЕО: Во Белград ќе има нови избори

Катерина Ѓуровски

Со свирежи и транспаренти конституирано српското Собрание, опозиционерите дадоа заклетва во холот