Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска му подари коњ по име Аристократ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е во посета на Будимпешта. Орбан на Фејсбук објави дека тоа е „подарок од една коњичка нација на друга“, и дека станува збор за пастув нониус од ергелата Мезехеѓеш.
Тој објави и фотографија со Ердоган и коњот.
Турскиот претседател денеска е во официјална посета на Унгарија, при што, покрај Орбан, ќе се сретне и со унгарската претседателка Каталин Новак, како и со други претставници на унгарските власти, а ќе учествува и на состанокот на унгарско-турскиот совет за стратешка соработка на високо ниво.