Во Тетово одземени над 3000 петарди и друга пиротехника

Од:

СВР Тетово информира дека полицајци денеска околу 15 часот, на градскиот плоштад во Тетово, го лишиле од слобода 54-годишниот тетовец Ф.А. затоа што кај него биле пронајдени и одземени над 3010 парчиња разновидни пиротехнички средства, најмногу петарди.

– Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 396 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во член 396 од Кривичниот законик се вели дека тој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години.

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетува граѓаните дека набавувањето, продавањето и активирањето пиротехнички средства е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Кривичниот законик.

– Во таа насока, на трговците, родителите и учениците (основци и средношколци) повторно им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир е предвидена парична глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик на Република Македонија и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

СВР Тетово воедно со апел пред сè до учениците од основните училишта, да не користат вакви опасни играчки, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото.

Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува граѓаните (член 32 од ЗППЈРМ) дека со парична глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност ќе се санкционираат и сите оние кои на јавно место неовластено приредуваат огномети, факелијади или слични приредби и не ги преземат потребните заштитни мерки согласно соодветната законска регулатива, како и оние кои со огнено оружје пукаат на свадбени или други семејни свечености.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Тошковски удри по професионалците во МВР