Српската народна странка пргласи пробеда на парламентарните избори кои денеска се одржаа во Србија. На прес конференција, Ана Брнабиќ информираше дека СНС има нешто помалку од 50 отсто од гласовите.
– Според 50 проценти преброени гласови , нашат листа, Србија не смее да запре, на примерок од 50 порценти има 47,1 процент добиени гласови. Ќе имаме повеќе од 125 мандати со Собранието. Србија против насилство има 23 проценти од гласовите, рече Брнабиќ.
Што се однесува на Белград Бранбиќ реше дека првите резултати допрва почнуваат да доаѓаат.
Место во парламентот има и за Ивица Дачиќ кој според првичните резултати има 6,4 проценти од гласовите.
Таа ја обвини опозицијата за кршење на изборниот молк како и за пласирани лаги за неправилности во текот на изборниот ден.
И резултатите што ги објави Државната изборна комисија, како и анализите на агенциите за истражување на јавното мислење се слични со резултатите кои ги објави Брнабиќ.
Врз основа на 65,1 отсто од примерокот спред ЦеСИД/ИПСОС, листата „Александар Вучиќ – Србија не сме да застане“ освои 46,6 отсто од гласовите или 129 мандати.
На второ место е „Србија против насилство“ со 23 отсто или 63 мандати.
Третата позиција ја зазема коалицијата на СПС со 6,9 отсто или 19 мандати.
Коалицијата НАДА освои 4,8 отсто или 13 мандати.
Според овие проекции на цензусот поминува и листата „Д-р Бранимир Несторовиќ – ние – гласот на народот“ со 4,8 отсто од гласовите, односно 13 мандати.