Миладин Ковачевиќ, директор на Републичкиот завод за статистика, соопшти дека до 18 часот гласале 51,93 отсто од запишаните избирачи.
Тој наведе дека во Војводина гласале 52,24 отсто, во регионот на Шумадија и Западна Србија 52,75 отсто, во Јужна и Источна Србија 51,84 отсто, а во белградскиот регион 51,07 отсто.
„На изборите во 2022 година излезноста во 18 часот беше 50,82 отсто, а конечниот резултат 58,60 отсто“, рече Ковачевиќ.