ВИДЕО: Првпат од почетокот на војната отворен премин меѓу Израел и Газа, влегува хуманитарна помош

Од:

Граничниот премин Керем Шалом меѓу Израел и Газа денеска беше отворен првпат од почетокот на војната и овозможен е премин на камиони со хуманитарна помош, изјави портпаролот на кабинетот на израелскиот премиер.

Тој граничен премин е затворен за камиони од 7 октомври, кога Хамас изврши напади врз јужните израелски населби, по што израелската армија започна офанзива во Газа. До почетокот на декември, Израел ги отфрлаше повиците на ОН да го отвори преминот, но се согласи да го отвори минатата недела.

„Од денеска, камионите на ОН со хуманитарна помош ќе бидат подложени на безбедносни проверки и ќе бидат испратени директно во Газа преку Керем Шалом“, објави израелската управа COGAT, одговорна за координација на активностите со палестинските територии.

Поради катастрофалната хуманитарна ситуација во опколената и блокирана палестинска енклава, Израел беше под силен меѓународен притисок, вклучувајќи ги и САД, најблискиот сојузник на Израел.

Досега, ограничени количини хуманитарна помош се испратени од Египет преку преминот Рафах, кој не е доволно опремен за проверка на голем број камиони.

Би можело да ве интересира

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот