МВР не успеа да организира издавање лични документи, кои граѓаните се обврзани да ги заменат до февруари следната година!
Иако во услови на криза, граѓаните се принудени по втор пат да плаќаат за издавање лични документи, дури и по многу повисока цена од досега, во Скопје илјадници граѓани со часови чекаат ред на студ и на дожд.
Оваа фотографија го враќа времето на комунизмот кога државата ги тераше граѓаните да чекаат ред за леб или литар млеко.
Ова докажува дека оваа држава не работи на олеснување на животот на граѓаните, туку на нивна целосна контрола и враќање во диктатура.
Во овој случај двојно повеќе се дискриминирани албанците, кои иако чекаат и до пет часа за да бидат фотографирани, кога ќе стигнат на ред, административците им велат дека во моментот нема пасоши на два јазика. Ако сакаат да извадат пасош на албански јазик, тогаш ќе треба да чекаат повеќе од еден месец!
Ваквата состојба сведочи за дискриминацијата од кој било аспект што се прави и врз албанските граѓани.
Но, ситуацијата уште повеќе ќе се искомплицира со доаѓањето на нашите сограѓани кои живеат надвор и сигурно ќе сакаат да извадат нови лични документи. А пред пунктовите на МВР бројот на граѓаните ќе биде многу поголем.
Затоа, бараме Министерството за внатрешни работи да преземе конкретни чекори:
1. Отворање на најмалку 10 Пунктови за вадење лични документи без рок во Скопје;
2. Продолжување на рокот за издавање лични документи до СЕПТЕМВРИ 2024!
3. Намалување на трошоците со поевтини давачки за вадење лични документи, бидејќи повторното вадење на вакви документи е наметнато со договорот со Грција, а не по вина на граѓаните!
Доколку Министерството за внатрешни работи и Владата ги игнорираат овие барања и не превземат мерки за олеснување на постапката и намалување на цените, тогаш се подразбира дека оваа власт работи само за да ги малтретира граѓаните, реагираат од Беса.