Силвио Берлускони изјави дека останува во италијанската политика дури и доколку неговите колеги сенатори гласаат за негово бркање од Сенатот по добиената затворска казна за даночна измама, пренесе ДПА.
Во својата претходно напишана изјава, емитувана на главните италијански телевизии, поранешниот премиер повторно изјави дека ќе ја обжали пресудата пред националниот Уставен суд и Европскиот суд за правата на човекот.
Берлускони се откажа од своите претходни закани дека ќе ја собори нестабилната влада на Италија како соодветна казна за обидите на Сенатот да го лиши од неговиот сенаторски мандат.
Шеснаесетминутниот говор на медиумскиот магнат се емитуваше непосредно пред вечерашново гласање во комисија на Сенатот Берлускони да се лиши од неговата сенаторска функција додека заврши процедурата по неговата жалба.