Израелската војска објави драматично видео од тунел во северниот дел на Газа исполнет со тела на борци на Хамас.
Снимката ја објави ИДФ и Шин Бет, израелската домашна безбедносна агенција, која соопшти дека тунелот бил откриен во последните денови, објави „Тајмс оф Израел“.
Преминот е дел од огромната подземна мрежа наречена „Метро во Газа“ која Хамас ја користи за транспорт на оружје и оперативци низ Појасот Газа.
צה"ל מפרסם תיעוד מיוחד ממבצע שהתקיים בימים האחרונים בו חוסלו מחבלים במנהרה תת קרקעית של חמאס על ידי לוחמי יחידת יהל"ם "באמצעים מגוונים"@Doron_Kadosh pic.twitter.com/UXNkcuG0G3
— גלצ (@GLZRadio) December 14, 2023
Според Тајмс, официјални лица изјавиле дека елитната единица Јахалома на борбениот инженерски корпус користела „различни средства“ за да ги идентификува и убива оперативците на Хамас во тунелите.
Видеото со низок квалитет, кое не вклучува звук, се чини дека ја прикажува камерата како се спушта во тунелот. Борец на Хамас ја зема направата пред да биде погоден, пишува Тајмс.
На видеото потоа се прикажани телата на борците на Хамас на подот од тунелот.