Претседателот на привремената управа, Александар Шапиќ, најави дека годинава во Белград нема да има организиран новогодишен огномет, а парите наменети за огнометот ќе бидат исплатени на здруженијата за заштита на животните.
Како што наведе, главниот град ќе се приклучи на иницијативата покрената од организациите за заштита на животните, пренесува Беоинфо.
„Мислам дека оваа иницијатива е добра и затоа Градот Белград одлучи да им се придружи на градовите во Србија, како Ниш и Нови Сад, кои веќе го направија тоа. Парите предвидени за новогодишниот огномет ќе ги исплатиме на организации и друштва за заштита на животните. Свесен сум колку во тој момент огнометот прави голема врева и колку ги вознемирува и плаши животните. Сите што имаат домашни миленици знаат колку им е тешко да преживеат. Ова е добар потег во симболична смисла и затоа се приклучуваме кон иницијативата за исплата на пари на здруженијата за заштита на животните“, рече тој.
Шапиќ истакна дека новогодишните и божиќните празници се доволни да не расположат и дека е добро време да покажеме солидарност и емпатија кон животните.
Неколкуте моменти на полноќ може да имаат далекусежни последици за животните и затоа официјално одлучивме Белград да се приклучи на оваа иницијатива“, рече Шапиќ.