(ВИДЕО) Андоновски: Арсовска се претставува како голем борец за правата на жените, но кога во пракса се случува нејзиниот најблизок соработник да е пријавуван за семејно насилство таа никаде ја нема

Од:

Денес за жал градоначалничката повторно не се појави на седницата за прашања од советниците и не беше тука да одговори на суштинските прашања кои Советот ги има кон нејзе, а особено за еден скандал кој се појави овие денови во медиумите, а тоа е дека нејзиниот втор човек, секретарот на Град Скопје е пријавуван за семејно насилство, изјави Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје.

– Со овие постапки градоначалничката избега од одговорност и од одговори зошто се уште го толерира функционирањето на секретарот на Град Скопје кој и понатаму е на својата позиција без никакви промени иако јавноста беше згрозена дека тој всушност бил пријавуван за семејно насилство и тоа според медиумите не се случува по прв пат туку се случува неколку пати во последните години. Да потсетиме дека само пред една година и помалку од една година секретарот беше вклучен во уште една пријава во рамки на Град Скопје каде се случи едно вербално и физичко меѓусебно насилство и за тоа исто така беше алармирана полицијата.

Повторно прашуваме до кога градоначалничката ќе го толерира ваквиот секретар на Град Скопје, дали планира негово разрешување или дали со заштита негова и со тоа што не се појавува во рамки на Советот да одговори на овие прашања всушност ги брани правата на жените или пак ги напаѓа правата на жените затоа што таа се претставува како голем борец за правата на жените, но кога во пракса се случува нејзиниот најблизок соработник, втор човек во Град Скопје е пријавуван за семејно насилство таа никаде ја нема да одговори за овие прашања – рече Андоновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ