Со жалење можеме да кажеме дека сега сме единствената земја во Европа која е зафатена од најопасната епидемија за една земја. Епидемија на корупција- ова е дијагнозата што Соединетите Американски Држави ја дадоа за Северна Македонија. Државниот систем моментално е во клиничка смрт. Се зголемува корупцијата во секоја институција, граѓаните осиромашуваат, а владините функционери на ДУИ, СДСМ, Алијанса за Албанците се збогатуваат, изјави Лулзиме Амети од Движење БЕСА.
– Уште позагрижувачки е фактот што оваа пандемија на корупција ги извади од контрола сите актуелни владини функционери, кои освен што крадат од народот, крадат и од фондовите на Европската унија, а краделе и пари донирани од Соединетите Американски Држави. Парите кои најстратешкиот партнер на Албанците ги даде за реформи во судството.
Целата оваа ситуација и вчерашните изјави на амбасадорката Ангела Агелер ги расчистуваат сите дилеми за актуелната власт. Оваа Влада на чело со ДУИ, СДСМ и Алијанса за Албанците за да можат уште повеќе да крадат, ги напуштаат САД кои плаќаат и придонесуваат за воспоставување правда во државата и се приближуваат до Русија која не го спречува криминалот што се случува во нашата земја, поради интересите на нејзините бизнисмени кои инвестираат во коцкарски бизниси и брзи заеми. Лекот за оваа болест која ја зафати оваа власт е само изолација на сите актуелни владини функционери и нивно испраќање во опозиција, каде што ќе можат да се рехабилитираат и да сносат одговорност за ширење на корупциската епидемија – рече Амети.