Петровска: Мирен и безбеден Балкан е можен само ако имаме интегриран регион

Од:

Мирен и безбеден Балкан е можен само ако имаме интегриран Балкан. Многупати се покажало дека интегративните процеси за нас се и процеси на помирување внатре во секоја од нашите земји, но и помеѓу нас, порача министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“.

Министерката посочи дека ЕУ е најдобар пример за обезбедување мир помеѓу земјите, воено истакна дека Северна Македонија континуирано работи на целта за влез во Европската унија.

-Ние патот кон ЕУ го поплочуваме и работиме на тоа. Северна Македонија и македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од големото европско семејство, семејство на вредности и идеали. На патот кон тоа претстојат уште многу задачи, многу обврски. Сите знаеме дека РСМ е исправена пред предизвикот на усвојување на уставните измени кои за жал до овој момент не се реализирани. Се надевам дека сите демократски сили, прогресивни сили кои мислат добро на оваа држава ќе го направат вистинскиот чекор во таа насока, изјави Петровска.

Додаде дека со развој на технологијата и техниката во светот се појавуваат и различни облици на закани и напади, но дека днапата држава одвојува големи средства во однос на заштитата.

-Никој не може да гарантира дека во која било држава дека процесот на заштита од сајбер напади или сајбер безбедноста секогаш ќе биде крајна. Тоа е предизвик на којшто ние постојано мораме да работиме и токму затоа оваа поддршка и оваа најава за поддршка јас ја сметам како исклучително добар гест и гест на пријателство и на давање признание за тоа што во изминатиот период сме направиле на ова поле. Се разбира дека можевме да зборуваме и од друга дистанца, односно би можеле да зборувам и за тоа како ние како земја членка на ЕУ би придонеле за тоа, но, како што кажав во мојата изјава, за тоа се потребни политички, храбри и визионерски одлуки, оцени министерката.

Таа истакна дека во Министерството за одбрана досега не биле регистрирани, особено во изминатите неколку месеци, кибер напади кои би наштетиле на нашата инфраструктура.

-Тоа се должи на постојаното градење на капацитетите и соодветната инфраструктура која ни овозможува рано предупредување за таков вид на напади. Во Северна Македонија досега од оние што не беа класични сајбер напади туку повеќе хибридни напади не се регистрирани посериозни напади или обиди за напади кои би ни направиле пореметување во работењето на институциите, рече таа.

Во однос на војната во Појасот Газа и колку тоа претставува опасност по безбедноста за земјава, Петровска кажа дека нема закана од конвенционален тип и оти се работи со повратниците во земјава кои што се регистрирани и нивна интеграција и ресоцијализација во општеството.

-Ова е едно од прашањата кои навистина близу ги следиме. Закана од конвенционален тип немаме. Но, се разбира дека никогаш не можеме да бидеме сигурни се додека каде било во светот, особено онаму каде што да речам имаме некакви врски дека ако постои каков било вид на конфликт дека можеме да бидеме мирни. Меѓутоа, сепак институциите, тоа неколку пати го спомнав, постојано се во координација не само внатре што е многу важно и клучно, меѓутоа и во соработка со партнерските служби од каде добиваме информации за потенцијални или евентуални закани. До овој момент, до денес не сме информирани за таква потенцијална закана. Меѓутоа, како што реков, овој процес е многу сложен. Секогаш кога се соочуваме или потенцијално или вистински со каков било обид на закана – потенцијална или реална покрај институциите кои треба да си ја вршат својата работа и се прво повикани не треба да има никакво објаснување за тоа неопходно е да се биде вклучен и граѓанскиот сектор, и граѓаните односно целото општество. Во која било форма без разлика дали како претходно кога зборувавме за сајбер нападите или хибридните закани или во ваков тип на закани свесноста и пристапот на целото општество во целина е многу важен и е многу клучен, рече Петровска.

Марија Ристевска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики, рече дека се наоѓаме во еден исклучителен геополитички поларизиран момент каде што граѓанските организации можат да имаат клучна улога во градење отпорност и промовирање на мир во регионот.

-Заради тоа, големо задоволство ни е дека во текот на денешниот ден ќе потпишеме 20 грантови, договори за грантирање на организации од регионот коишто ќе работат на овие теми – безбедност, стабилност, добро владеење на право, борба со корупција, родова еднаквост, заштита на животна средина. Сите тие се испреплетени и влијаат на тоа каква е стабилноста на Балканот, изјави Ристевска.

Информира дека на вториот панел денеска ќе се презентираат резултатите од Секури метарот којшто го подготвува Регионалниот совет за соработка којшто покажува за првпат дека организираниот криминал, корупцијата и меѓуетничките поларизирани односи се главните закани коишто ги гледаат граѓаните на Балканот како закани на мирот и стабилноста на Балканот.

Воедно истакна дека истражувањата покажале дека од земјите од Западен Балкан несигурни се чувствуваат граѓаните на Македонија и на Босна и Хецеговина.

На конференцијата треба да се обратат и Кристин Мелсом, амбасадорка на Кралството Норвешка за Србија, Црна Гора и Северна Македонија и Дајана Цвјетковиќ, програмската менаџерка на СМАРТ Балкан од Центарот за промоција на граѓанското општество (Centar za promociju civilnog društva) од БиХ.

-Засега имаме за некои од областите поместувања, а мислам дека довербата во граѓанските организации се зголемува во текот на годините и сфаќаат дека она што го препорачуваме вреди да се имплементира. Се надевам дека со изборите во Србија, со следните претстојни избори и во Македонија ќе имаме влади коишто ќе продолжат со тој дијалог со граѓанските организации, ќе не сметаат за конструктивен актер во реформите и во унапредувањето на состојбите на Балканот, рече таа.

Ргионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“ се одржува во организација на Центарот за истражување и креирање политики и конзорциумот СМАРТ Балкан

Настанот е дел од проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, кој има за цел да придонесе кон зајакнување на партиципативните демократии и евроатлантските интеграции во Западен Балкан, а се спроведува во партнерство помеѓу Центарот за унапредување на граѓанското општество (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите

(ВИДЕО) Петровска: Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ

Горан Наумовски

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Петровска бара ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да ја закаже Комисијата за Законот за бранители

Катерина Ѓуровски

Петровска: Целосно размонтирање на случајот за убиството пред „Мавровка“ – МВР криеше кои се убијците

Мицкоски: Ќе поднесам тужба за монструозните обвинувања на Петровска