Нова давачка за граѓаните доаѓа од старите добро познати умови на Регулаторна комисија за енергетика. Мислителите од оваа комисија ќе го изберат и најбизраниот начин само за да ги зголемат сметките за струја на граѓаните, со досега невидено објаснување вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.
– Хронологијата на нивната лажна заложба е многу едноставна, и од година во година само проширен. Најпрво се фалеа и држеа прес конференции и ги манипулираа граѓаните дека од 1 декември ќе се врати евтината тарифа, иако такво нешто се уште немаат повеќе од 2/3 од домаќинствата. Потоа, Бислимовски се обиде да се оправда па кажа дека бенефитот од евтината тарифа ќе биде од 1 јануари. Но, видовме дека вчера пропадна и таа лага. Бенефит нема да има ни од 1 јануари, бидејќи се воведува нова давачка, т.н. „пристап до мрежа„. Воведениот нов товар за граѓаните или т.н давачка за пристап до мрежа значи само едно – уште едно поскапување на грбот на граѓаните и компаниите. Проблемот кој ќе се создаде е врз грбот на граѓаните кои живеат надвор од градовите, врз граѓаните и студентите кои живеат под кирија, затоа што токму на нив ќе падне товарот од сметката за струја од станот или куќата во која престојуваат, а е нечив втор имот. Оваа давачка која власта ја нарекува пристап до мрежа од 250 денари месечно е удар и врз студентите, младите брачни парови кои живеат под кирија, земјоделците кои имаат куќа на село и стан во град. Дополнително, ова не е единственото зголемување на цената на струјата. Имено, ни се заканува уште поголем ценовен потрес поради зголемувањето на цената која државната ЕЛЕМ ја понудила кон универзалниот снабдувач за 1 мегават час енергија, а тоа е 57 евра , наместо досегашните 53 евра за мегават час, рече Митева.