Костадиновска-Стојчевска: Повеќе за сите е и македонскиот јазик во ЕУ, СДСМ има визија за европска иднина

Од:

Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска на трибината „Повеќе за сите!“, која вечерва се одржуваше во Гостивар рече дека СДСМ преку пакетите антикризни мерки има вратено над 2,5 милијарди евра кај граѓаните.

-Политиките кои ги креира СДСМ и искрената и вистинска грижа за граѓаните се покажуваат на дело. Само последниот пакет антикризни мерки за ублажување на ценовната и енергетска криза има вкупен износ од 662 милиони евра и дополнителни 516 милиони евра за повисоки плати во 2023 и 2024 година. Оваа е единствена влада што има вратено толку пари кон граѓаните и компаниите, нагласи потпретседателката на СДСМ Костадиновска-Стојчевска. Таа додаде дека СДСМ нуди повеќе за сите не само со финансиска помош и поддршка, туку ниди повеќе за сите и со визијата за европска иднина. -Повеќе за сите е и македонскиот јазик во ЕУ, нашите вредности, нашата визија за европска иднина. Со ВМРО-ДПМНЕ не само што има помалку за граѓаните, за народот, има помалку и за државата, а што е најлошо нема иднина, рече Костадиновска-Стојчевска. Таа на крај рече СДСМ секогаш одговарал на предизвици со искрена волја и напорна работа, а граѓаните го знаат тоа и затоа ,,Европски фронт ќе има двојна победа, на претседателските избори и на парламентарните избори во 2024 година”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да понуди решение или аргументирана критика, СДСМ продолжува по старата, погрешна насока

Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

(ВИДЕО) Милевски: Сомнителен молк на кандидатот на ДПМНЕ, Костадиновски за случајот Детонатор, а Пулс, дивата сеча и тепањето советник

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром